Натпреварувачка комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го регистрираше натпреварот ФК Воска Спорт – ФК Вардар од 28. коло во Прва МФЛ службен резултат, 0:3.

  • ФК Воска Спорт АД е предадена на дисциплинска комисија поради напуштање на теренот на натпреварот со Вардар од 28. коло во Прва МФЛ;
  • ФК Воска Спорт АД е предадена на дисциплинска комисија поради слаба организација (навредливо, некоректно и недолично скандирање на домашнита публика ) на натпреварот ФФК Воска Спорт – ФК Вардар од 28. коло во Прва МФЛ.
  • Арбри Клодиан – тренер на ФК Воска Спорт АД и Агон Хани – капитен на ФК Воска Спорт АД се предаваат на Дисциплинска комисија поради повикување на фудбалерите на ФК Воска Спорт АД да го напуштат теренот на натреварот ФК Воска Спорт – ФК Вардар од 28. коло во Прва МФЛ.
  • Дадет Амос Губам – фудбалер на ФК Воска Спорт АД исклучен на натпреварот со Вардар од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ.

На Дисциплинска комисија предадена е и екипата на ФК Струга Трим Лум поради слаба организација на натпреварот со ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ.

  • Дардан Мифтари – тренер на голмани на ФК Струга Трим Лум исклучен на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;
  • Небојша Василевски – физиотерапевт на ФК Гостивар АД исклучен на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;
  • Диата Ассане – фудбалер на ФК Гостивар АД исклучен од натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;
  • Аосман Аиас – фудбалер на ФК Гостивар АД исклучен од натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија, соопшти ФФМ;

Г.М.