Експедицијата на ФФМ во состав, претседателот Хари Хаџи-Ристески, потпретседателот Кенан Идриз, селекторот Мирсад Јонуз и ген. секретар Игор Климпер вечерва во Москва треба да го договара “возниот ред“ на договорниот состанок со претставниците на селекциите од Б-групата, Русија, Р.Ирска, Словачка, Ерменија и Андора.
Доколку не биде ускладен распоредот , тогаш според правилата УЕФА врши извлекување во Нион и на тој начин го одредува календарот за одигрување на средбите.
Термините се претходно утврдени:
¾ и 7. Септември 2010
8/9 и 12. Октомври 2010
25/26 и 29. Март 2011
¾ и 7. Јуни 2011
2/3 и 6. Септември 2011
7/8 и 11. Октомври 2011
11/12 Ноември 2011 1.меч бараж
15. Ноември 2011 2. меч бараж
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com