УО на ФФМ ги одбра најдобрите македонски фудбалери за 2008 година, кои ќе бидат крунисани на свеченоста во хотелот „Александар палас“.

Најдобар фудбалер за 2008 година е репрезентативниот голман Томе Пачовски, додека Фудбалер кој најуспешно го презентира мак-фудбалот во странство е Горан Пандев (ФК Лацио)

За најдобар спортски работник прогласен е стружанецот Љупчо Мојсовски.

Преостанати наградени се: Кире Георгиев (футсал-играч), Елита село Слатина (футсал-клуб), Наташа Андонова (женски фудбал), Шкипоњат (клуб во женски фудбал), Македонија ЃП (најдобра младинска екипа), Владимир Кипријановски (судија), Ивица Глигоровски (стрелец), Работнички (ферплеј и најдобар клуб), Миранда (странец).

Ohridnews