ФФМ на својата денешна седница главен акцент стави на надминувањето на насилството на фудбалските терени.

Донесен е заклучок да се изготви стратегија и план според кои во иднина ќе се работи на надминување на девијантните однесувања на стадионите кои се закануваат да се пренесат и врз останатите сегменти на живеење.

Носител на овој проект е УО на ФФМ и прифатено е изготвување на едногодишна стратегија со соодветна финансиска подршка со главен акцент на спроведувањето на законските прописи и санкционирањето на носителите на инцидентните појави.

Во најблизок период ФФМ ќе ги превземе првите мерки за спречување на насилството на терените.

ohridnews