Фудбалската федерација на Македонија им додели признание за несебична поддршка во развојот и афирмација на фудбалот на Детските фудбалски лиги кои партипицираат во земјата.

На една од петте лиги домаќини се Охрид, Струга и Дебар, а се натпреваруваат повеќе од 200 дечиња и одиграни се преку 300 натпревари.

– Чест и задоволство е што на крајот од годината наградени сме за нашата работа во Детските фудбалски лиги. Почетокот не беше ни малку лесен, но, радоста и среќата на дечињата се доволен показател дека сме на вистинскиот пат – рече координаторот на Југозападниот регион, Наум Јанкуловски.

Тој најави уште многу изненадувања, натпреварувања, посетување на некој од фудбалските натпревари на репрезентацијата и интересни содржини во новата 2014 година.

Мх.П.