Дисциплинската комисија на фудбалската федерација на Македонија донесе конечна одлука за прекинатиот натпревар помеѓу Тетекс – Шкендија одигран во Ѓорче Петров.

Тетекс е санкциониран со шест мечеви без публика додека на контото од Шкендија им се одземаат три бодови. Претставникот на клубот Фикрет Шаќири е суспендиран на една година.

Со одземањето на бодовите екипата на Шкендија нема да претпре драстични промени на табелата, но ќе остане заостанување зад лидерот Вардар и местата кои водат во фудбалска Европа.

Мх.П.