Охрид 2004 и уште девет други клубови се казнети од страна на дисциплинската комисија при ФФМ со по 1000 евра во денарска противвредност како и забрана за извршување на трансфер активности.


Казната се должи на неизвршување на Одлуки донесени од страна на Дисциплинската комисија на ФФМ.

Покрај Охрид 2004, кој најверојатно в година ќе игра во третата МФЛ, казнети се второлигашите Дрита и Влазними, потоа новите прволигаши Шкендија и Скопје,  како и Вардар и Хоризонт Турново.


Иста забрана стигна и за Слога Југомагнат, Македонија Ѓорче Петров и Победа кои ја добија истата парична казна и забрана за трансфери.

Според оваа одлука клубовите нема да можат да прават трансфери во клубот ниту надвор од него во домашниот шампионат, ниту интернациолани трансфери бидејќи не извршиле некои претходни одлуки на дисциплинскиот комитет на ФФМ.

Ohridnews