Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрази безрезервна поддршка на УЕФА и се изјасни против таканаречената Суперлига, чие формирање засега официјално го поддржуваат само Реал Мадрид и Барселона.

ФФМ се приклучи кон голем број европски федерации кои застанаа на страна на раководството на европскиот фудбал, порачувајќи оти фудбалската игра мора да остане отворена за сите.

Славата не е само цел, туку патување кое се заработува со труд и пот на теренот. Со секој потег или додавање, со секоја надеж, ние бараме чесност и страст во играта. Секој тим нека биде инспириран да игра со целото срце, да се бори за секоја топка како да е последна и да се натпреварува во духот на вистински ферплеј. За љубовта кон играта што не обединува и не мотивира сите заедно, соопшти ФФМ.

Откако Европскиот суд на правдата вчера ги прогласи за незаконски постапките на ФИФА и УЕФА за блокирање на формирање Суперлига, европски федерации едногласно се изјаснија против овој проект, а вчерашните натпревари во шпанската Ла Лига се одиграа под мотото „Заслужете го тоа на теренот“.

OhridNews