Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука со 150 000 евра да ги награди репрезентативците на Македонија за одличните резултати во квалификациите за Мундијалот во Катар.

Во одличните резултати најмногу впечаток остава гостинскиот триумф над Германија. „Црвено жолтите“ со 2-1 ја треснаа Германија и го забележаа најдобриот успех во репрезентативната историја.

УО на ФФМ го дефиниранише премиите за настапот на Европското првенство, кое ќе се одржи летово во 12 земји. За секоја победа во групната фаза на ЕП наградата ќе биде 300 000 евра, а за реми 150 000 евра. За пласман во следната рунда наградата ќе изнесува 30% од вкупниот износ кој УЕФА ќе и го додели на ФФМ.

Повикот, пак, во селекцијата за настап на ЕП ќе чини 1 500 евра.

Мечевите на континенталниот собир почнуваат на 11 јуни, а Македонија силите во групата ќе ги одмери со Австрија, Украина и Холандија.

OhridNews