Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски  поради потребите за Сениорската репрезентација на Македонија изврши промена во календарот за натпревари во натпреварувачката 2009/2010 година, и тоа :

-натпреварите од 30 коло од Првата лига се насочуваат за 12 мај 2010 година (среда) со почеток во 16:30 часот;

-натпреварите од 31 коло од Првата лига се насочуваат за 15 мај 2010 година (сабота) со почеток во 16:30 часот;

-натпреварите од 25 коло од Втората лига се насочуваат за 16 мај 2010 година (недела) со почеток во 16:30 часот;

-натпреварите од 26 коло од Втората лига се насочуваат за 19 мај 2010 година (среда) со почеток во 16:30 часот.

Ohridnews