Фудбалерите на Вардар се закитија со титулата од македонскиот фудбалски шампионат иако сезоната не се доигра и се прекина поради пандемијата на коронавирусот.

Новиот пех пехар во витрините од „црвено црните“ е заслужен бидејќи одиграа маестрална полусезона и неколку мечеви од пролетниот дел. „Вардарци“ стекнаа двоцифрена предност на табелата и далеку зад себе ги оставија ривалите.

За најтрофејниот клуб Вардар ова е 11-та титула од Првата лига.

Ваквиот крај на сезоната ќе донесе малку утеха за Вардар кој допрва треба да води битка да „преживее“ бидејќи клубот тоне во долгови и моментално, ема светла иднина.

OhridNews