По објавувањето на составот за пријателските натпревари со Португалија и Ангола, селекторот Џон Тошак и неговиот помошник Бобан Бабунски наидоа на жестоки критики. Најгласни во критиките беа повремениот репрезентативец Баже Илиовски, Влатко Грозданоски и Илчо Наумоски.


Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, поведе постапка против тројцата фудбалери.

Се поведува дисциплинска постапка против фудбалерите:Наумоски Илчо,Влатко Гроздановски и Баже Илиовски поради изречени клевети, навреди и омаловажувања на работата на селекторите на А репрезентацијата Тошак Џон и селекторот на У-21 Бабунски Бобан. Се задолжуваат именуваните да достават писмена изјава во рок од 3 (три) дена од денот на приемот.

Ohridnews