ФФМ поведе дисциплинска постапка
против Мирсад Јонуз, поранешен селектор на А Репрезентација на
Македонија ,поради непочитување на договорни обврски предвидени во
договорот за уредување на меѓусебните права и обврски помеѓу ФФМ и Г-дин
Мирсад Јонуз, а посебно во делот по член 8 и 9 од истиот.


Поранешниот селектор се задолжува да
достави писмена изјава во рок од 3 (три) дена од денот на добивањето на
одлуката за поведување на дисциплинска постапка.

ФФМ исто така поведе дисциплинска постапка против Масар Омерагиќ-
делегат на собранието на ФФМ од ОФС Струмица поради непочитување и
прекршување на статутот и другите акти на ФФМ.

ohridnews