Дисциплинската комисија во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) покрена постапка против Фудбалскиот клуб Дрита за „трето“ полувреме после натпреварот со Охрид. Домаќините, вината за минималниот пораз ја пронашле кај судиите и нивниот автомобил.
Непознат сторител со остар предмет ги рушил четирите гуми на автомобилот со кој судиите од Кичево допатувале во Боговиње. Охридските фудбалери немале никакви проблеми после завршување на мечот и напуштање на стадионот но судиите заминале еден сат после натпреварот.
Двоецот од Струга Трим Лум, Нијас Лена и Христијан Драгарски ќе паузираат два односно три натпревари. Лена поцрвена на дуелот со Работнички во Скопје а дефанзивецот на средбата со Ренова во Струга. Двата мечеви, екипат на Струга ТЛ ги победи. Во Скопје славеше со 2-1 а во Струга со 1-0.
Кондицениот тренер на Лабуништа, Александар Жупаноски доби суспензија три месеци. Претставникот на Лабуништа со топка го удри првиот асистент на средбата Лабуништа – Пелистер. Дербито во Втората лига заврши без победник 1-1.
OhridNews