ФФМ : Победа суспендирана, одземени бодови на Шкендија
03.05.10 14:03
По пристигнатите дописи од ФИФА која изрече казна на ФК Победа по потврдувањето на одлуката од Судот за Арбитража во Лозана , изрече казна и на ФК Шкендија поради неподмирени обврски за фудбалерите од Сент Луис Центарот во Сенегал: (Папа Јусу Сол, Папа Бираме Фал и Мустафа Мухамаду Диоп).
Комесарот за натпревари при ФФМ , Миле Спиркоски ги имплементираше изречените казни во натпреварувачкиот систем на ФФМ со следните одлуки:
ФК “Победа” – Прилеп се суспендира од натамошното натпреварување во првенствата на Република Македонија под раководство на ФФМ во период од 8 (осум) години почнувајќи од натпреварувачката 2009/2010 година.
Натпреварите кои екипата на ФК “Победа” – Прилеп ги одигра во првиот и вториот круг на натпревари од натпреварувачката 2009/2010 година остануваат со постигнатите резултатите, додека во наредните натпревари (29, 30 и 31 коло) фудбалскиот клуб кој треба да одигра натпревар со ФК “Победа” – Прилеп натпреварите ќе ги добива со службен резултат 3 : 0,
ФИФА ја информираше ФФМ дека ФК “Шкендија” – Тетово не се придржува на
одлуката донесена од Дисциплинскиот комитет на ФИФА на ден 23 февруари
2010 година.
Врз основа на член 8 од Правилникот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија и член 1 од Пропозициите за натпреварување во втората лига во натпреварувачката 2009/2010, Комесарот за натпревари на Фудбалската Федерација на Македонија применувајќи ја одлуката на ФИФА број 100003 на ден 03 мај 2010 година донесе:
Се одземаат 6 (шест) бода на ФК “Шкендија” – Тетово во натпреварувачката 2009/2010 година.
По повод 144 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров денес се одржа спортски ден во спортската сала која го носи неговото име во с Велгошти во организација на ОО...
Во ООУ „Братство Единство“ Охрид, се одигра првото коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид, На Бизнис лига Охрид 2025 во шах учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА...
ГРК Охрид убедливо го совлада РК Куманово со 38:20 (полувреме 16:9) во натпреварот од 20 коло од Супер лигата, кој се одигра вечерва во „Билјанини Извори“ Најефикасен во редовите на „Гладијаторите“...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.