УО на ФФМ донесе одлука да се поведе дисциплинска постапка за финалниот натпревар од националниот фудбалски куп помеѓу екипите на ФК Тетекс и ФК Работнички по искажаните сомневања во јавноста за регуларноста на овој натпревар.

ФФМ во целост ги отфрлува обвинувањата за вмешаност во било какви заткулисни игри бидејќи се јавува само како организатор на натпреварот и истиот беше беспрекорно организиран од Секретаријатот на ФФМ.

– Поради појавените гласини и индиции кои се појавија кај спортската и пошироката општа јавност во РМ за постоење на основи на сомнение за можни нерегуларности и фингирање на резултатот и победникот на финалниот куп натпревар на Македонија, одигран на ден 26.05.2010г на Националната Арена Филип Втори , а заради заштита на регуларноста на натпреварувањето и зачувувањето на угледот на ФФМ како и отфрлање на сомнежите за инволвирање на ФФМ целосно ги подржуваме и охрабруваме надлежните истражни институции и бараме од страна на МВР согласно законските овластување да превземе соодветни мерки и активности, да ги провери сомнежите и доколку утврди нерегуларности да спроведе постапка за санкционирање согласно позитивните прописи во РМ за настаните пред одигрувањето и во врска со самиот натпревар. За превземените мерки и активности доколку од страна на МВР се утврдат и докажат нерегуларности да бидат известени органите и телата на ФФМ заради понатамошна постапка согласно Статутот и актите на ФФМ.

Ohridnews