Фудбалската федерација на Македонија натпреварот од шестото коло во Втората Македонска фудбалска лига меѓу Охрид `04 и Влазними, како и натпреварот од седмото коло од Првата МФЛ Тетекс – Ренова ги прогласи за натпревари од висок ризик.
Од ФKОхрид информираат дека во соработка со СВР Охрид ќе ги превземат сите потребни мерки натпреварот да помине без инциденти.
Љубителитe на фудбалот во Охрид се зачудени што ФФМ го прогласува овај меч за натпревар од висок ризик, ако се знае дека Влазними еднаш гостуваше во Охрид, и тоа на Билјанини Извори против Охрид Лоте. Mечот заврши 1-1, а притоа немаше никакви инциденти.
Охриѓани се прашуваат кој од струшкото лоби во ФФМ издејствувал натпреварот да се прогласи за меч од висок ризик, како би се зголемил притисокот над домаќините, и тоа токму во моменти кога охридскиот фудбал бележи напредок и двете охридски второлигашки екипи се наоѓаат во врвот на табелата.
– Му смета ли на некому подемот на охридскиот фудбал, коментираа охриѓани кои ги затекнавме на вчерашниот тренинг.
Натпреварот Охрид 2004 – Влазними се игра во недела од 15.30 минути.
По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, МК Велгошти на ВМРО-ДПМНЕ организира фудбалски натпревар помеѓу “Стари” и “Млади” Натпреварот започнува во 11:00 часот во пон...
Во рамки на четвртото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид денес ја пречекуваат екипата на РК Алкалоид „Гладијаторите“ се надеваат на позитивен резултат и ветуваат дека ќе го дад...
Охридските стрелци бележат два последователни настапи на Државното првенство и вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма Двата натпревари се одржаа на стрелиштето во Битолската ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.