Навивачите на македонската фудбалска репрезентација, кои сакаат од трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ на 24 март во Палермо да го бодрат националниот тим на мундиајлскиот бараж против Италија, од понеделник можат да аплицираат електронски за влезници.

Барањата за билети, како што соопшти денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ќе можат да се поднесуваат до 15 март на електронската адреса: [email protected].

Македонските фудбалери на дуелот против актуелниот европски првак ќе имаат поддршка од 1.300 навивачи на трибините на стадионот во Палермо, а цената на влезницата изнесува 12 евра

OhridNews