Обилните врнежи на дожд ги поплави стадионите на источниот дел од Македонија. Стадионите на Брегалница и Хоризонт Турново се целосно поплавени, а од клубовите бараа одложување на стартот на шампионатот.

Фудбалската федерација на Македонија преку комесарот за натпревари Васко Дојчиновски се огласи дека нема да има одложување на стартот на првенствата и тие ќе започна на трети и четврти март. За погодените стадионот од обилните врнежи ќе се бара соодветна солуција.

Иако и во Охрид наврнаа големи количини на дожд стадионот “Атина Бојаџи“ остана во добра кондиција и подготвен ќе го пречека стартот од Втората и Првата македонска фудбалска лига.

Мх.П.