Одлуката за прекинувањето на мечевите во Првата македонска фудбалска лига е конечна, но ФФМ нема донесено одлука дали ќе се прогласи шампион или сезоната ќе заврши без првак. Засегнат од ситуацијата е Вардар, кој при прекинувањето на шампионатот беше лидер на табелата со двоцифрена предност во однос на ривалите.

ФФМ до овој момент нема донесено одлука дали фудбалското првенство на Македонија ќе има шампион за сезоната 2019/20. Не знам од каде информациите за некаков конечен став. За ова допрва ќе решава надлежното тело, а 30 јуни е рокот во кој ФФМ може да ја испрати во УЕФА листата учесници во евро-куповите. – изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Попоски кој гостуваше на МТВ 1.

Испаѓање од фудбалската елита нема да има, а билет за учество во Првата МФЛ следната година добија лидерите од двете Втори лиги, Пелистер односно Беласица.

Последен датум до кој ФФМ треба конечно да одлучи за крајот на Првата лига е 16 јуни. На 17 јуни, УЕФА има Управен одбор и ќе треба да ги верификува шампионатите, кои се прекинати.

OhridNews