Управниот одбор на ФФМ по добиено известување за наводни неправилност во ОФС Охрид, на седницата одржана синоќа донел одлука на закажаното Собрание на ОФС Охрид да нема претставник од ФФМ.

Комисијата задолжена за надгледување на изборниот процес има обврска веднаш да ги провери наводите за нерегуларности и во најкраток временски рок да го извести Управниот одбор, соопшти ФФМ.

Собранијата на Општинските фудбалски Сојузи на кои нема легитимен претставник назначен од У.О. на ФФМ со уредно писмено полномоштно, одреден печат и заверен архивски број не произведуваат правни дејства кон ФФМ и истите од страна на ФФМ нема да бидат признати, информира Фудбалската федерација на Македонија.

Г.М.