Управниот одбор на Фудбалската федерацијата на Македонија (ФФМ), на денешната седница назначи нов потпретседател и координатор на националните селекции. Довербата за потпреседател ја доби Лазар Ракиџиев, додека улогата на координатор на националните селекции му припадна на Марјан Стојкоски-Манта.
Ракиџиев е член на УО одбор и прв човек на Општинскиот фудбалски сојуз во Велес и доаѓа на местото од Муамед Сејдини, кој прво беше в.д. претседателот, а после изборот на Охрид и официјално стана предводник на ФФМ. Стојкоски поранешен репрезентативец на Македонија и трофеен фудбалер во прилепска Победа, Македонија Ѓ.П. и Вардар. Како фудбалски функционер беше дел од структурите на ФК Победа и ФК 11 Октомври. Стојковски е претседател на ОФС Прилеп.
УО донесе одлука ФФМ да исплати премија во висина од четири илијади евра за фудбалерите кои настапија за А репрезентацијата на Македонија на квалификациските натпревари за пласман на ЕУРО 2020. против Летонија и Словенија.
Исто така на седницата на Управниот одбор на ФФМ беше проследена информација во врска со одржаниот состанок на Одборот на клубовите од Прва МФЛ каде се дискутираше за формирање на Здружение на клубови од Прва МФЛ (прволигаши) и беше објаснето дека согласно Статутот на ФФМ, клубовите од Прва МФЛ можат во секое време да формираат Здружение на прволигаши и на тој начин дополнително да бидат претставени во Собранието на ФФМ.
OhridNews