Управниот одбор во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе неколку одлуки. Најмногу внимание привлекуваат одлуките за претстојниот полуфинален бараж натпревар за пласман на Европското првенство помеѓу Македонија и Косово.
Навивачките групи на Македонија кои се обеденија за поддршка на фудбалската репрезентација ќе бидат сместени на западната трибина од Арената „Тодор Проевски“.
Цените за билетите за јужната и северната трибина за натпреварот Македонија – Косво ќе се продаваат по цена од 300 до 400 денари. Се уште не е објавено кога ќе започне продажбата на билетите.
Средбата, Македонија – Косово ќе се одигра на 26 март во 20:45 часот. Победникот од овој дуел во финалето ќе се судри со подобриот од мечот Белорусија – Грузија. Најдобриот на завршниот турнир ќе обезбеди пласман на Европското првенство оваа година.
Редовното годишно собрание, ФФМ ќе го одржи на 21 март во Хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
OhridNews