Фудбалската репрезентација на Македонија, повторно ја израдува нацијата победувајќи ја Словенија со 2-1 на Националната арена „Тодор Проевски“ во квалификациите за Европското првенство следната година. За големата победа и феноменалната претстава, куќата на фудбалот (ФФМ) ќе ги награди репрезентативците со 100 000 евра.

  • Уживаме во прекрасни фудбалски денови и посакуваме тоа да продолжи. Македонскиот фудбал по триумфот против Словенија доби уште една причина за радост, но сакам да им порачам на фудбалерите и навивачите да останеме скромни и смирени. Убаво е да се видат полни трибини на Националната арена и нашата репрезентација на сите насловни страни, тоа ја покажува моќта на фудбалот. Како раководство на Фудбалската федерација на Македонија ветивме премија за репрезентацијата и ќе исплатиме сума од 100.000 илјади евра како награда за трудот и резултатите. Честитки и посакувам да ја продолжиме оваа убава приказна, да ја задржиме позитивната енергија и да бидеме уште подобри. – изјави првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини.

Со триумфот против Словенија, нашата најдобра селекција ги задржа шансите за директен пласман на ЕП следната година и со големи мотиви ќе ги одмери силите со лидерот на табелата во групата Г, Полска.

OhridNews