Фудбалската федерација на Македонија од петнаесетина искусни фудбалски стручњаци ќе го избира новиот селектор на А репрезентација по отказот на Бошко Ѓуровски.


На листата за потенцијалниот селектор од македонските тренери се наоѓаат поранешните репрезентативци Артим Шаќири, Тони Савески и Виктор Треневски, некогашниот асистент Влатко Костов, екс селектор Ѓоко Хаџиевски и моменталниот тренер на Работнички, Игор Ангеловски.

Ѕвучни имиња надвор од нашите граници се поврзуваат со преземање на македонското селекторско столче. Еден од кандидатите е синот на Сер Алекс Фергусон, Дарен, кој исто така работеше во Манчестер Јунајтед.

Покрај синот на легендарниот шкотски стручњак на листата се Христо Стоичков, Сафет Сушиќ, Златко Крањчар, Драгољуб Беквалац, Љубинко Друлович и Фарук Хаџибеѓиќ.

Кога ќе се сумира овој список ФФМ е на слатки маки околу изборот на селектор, но тој ќе има полни раце работа со македонската селекција, која го загуби реномето паѓајќи под 100-та на ФИФА ранг листата.

Мх.П.