Четврток е крајниот рок за прволигашите да ја платат потребната котизација од 12.000 евра за учество во натпреварите за идната сезона, по што ќе следува и ждрепката за натпреварите од Првата лига.


Второлигашите меѓу кои е и Охрид 2004 имаат рок до 11 јули (среда) за да ја платат котизација кој за нив изнесува 8.000 евра.

Суперкупот на Македонија, меѓу шампионот Вардар и освојувачот на Купот, Ренова, е закажан за 28 јули.

Вондредното изборно собрание на ФФМ е закажано за 29 јули во Охрид.