Во подготовката на стратегијата за развој на младите селекции учествуваа стручните структури во федерацијата, Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, Техничкиот Директор, Небојша Марковски, координаторот на младите селекции, Зоран Стратев, селекторот на репрезентацијата, Чедомир Јаневски, Директорот на националната селекција, Петар Милошевски и други стручни лица.
Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски пред координаторите и претставниците на клубови го повтори главниот приоритет на федерацијата.
“Веќе ја подготвивме националната стратегија за развој на младинскиот фудбал. Сакаме да имплементираме ист систем на игра на сите репрезентативни категории, тоа е дел од проектот од националната стратегија. Наше е да им ја дадеме потребната логистика и финансиска подршка. Тоа е првиот вистински чекор за да одиме напред и убеден сум дека на вистински начин ќе биде прифатен“, изјави Ѓорѓиоски.