Фудбалската федерација на Македонија ја повлече дисциплинската постапка кон фудбалерите Баже Илијоски, Илчо Наумоски и Влатко Грозданоски кои јавно го нападнаа селекторот Џон Тошак и неговиот помошник Бобан Бабунски.


Тројцата фудбалери пред неполни два месеци јавно го искритикуваа селекторот Тошак дека за повик во А селекцијата се потребни финансиски средства а не само квалитет. Тогаш селекторот на А тимот најавуваше и приватни тужби но откако го раскина договорот со Македонија се падна во вода.

Мх.П.