Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на 31 седница го прифати Меморандумот за унапредување на соработката со ФС на Шпанија, земја која е актуелен европски првак.

Претседателот Хаџи-Ристески информираше дека делегација на ФСШ ќе биде официјален гостин на ФФМ во рамките на прославата 100 години фудбал во Македонија и 60 години ФФМ.


Упатена е и покана за гостувања на шпанската фудбалска репрезентација во рамките на прославата во Скопје на 20-ти Август 2009г.

ohridnews