Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ги ослободи од плаќање котизација екипите кои сезонава ќе се натпреваруваат во Втората лига запад и исток и Третите лиги во целата земја, – информира ФФМ на својот официјален сајт.
Со овој потег ФФМ на најдобар можен начин им подаде рака на клубовите кои се соочуват со финансиска криза поради пандемијата на вирусот Ковид -19. После надминување на овој проблем, клубовите можат да се насочат кон доведување на нови и квалитетни фудбалери.
Од ФФМ истакнаа дека се усвоени листите за судии и контролори за натпреварувачката сезона 2020/2021. Првата лига стартува на 9 август, додека двете Втори лиги ќе започнат на 22 август.
OhridNews