Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, официјално за претседател беше назначен Илѓо Ѓорѓиоски откако на собранието одржано во Охрид беше едногласно избран.

Сега веќе екс тренерот на Вардар, Ѓорѓиоски потенцираше дека со сите сили ќе се бори да го врати македонскиот фудбал на правите патеки.

– Сакам да им се заблогадарам на сите делагати за укажаната доверба. Со сите сили ќе се борам за македонскиот фудбал – истакна Ѓорѓиоски на промоцијата.

Среќа и добра работа на новиот претседател на ФФМ му посака и Харалампие Хаџи Ристески кој десет години беше прв човек на куќата на фудбалот во Македонија.

Му честитам на Илчо Ѓорѓиоски за назначување на прв човек на ФФМ. Собранието како и што очекував помина во најдобар ред – рече Хаџи Ристески.

Мх.П.