Со пригодна свеченост на патронот на градот, во Охрид беше ставен во употреба современ фудбалски терен со вештачка трева, кој ќе ја зголеми и збогати спортската понуда во општината.
Вештачката трева е донација на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а игралиштето го изгради Општината Охрид.
Но, она што беше воочливо е што свеченото отворање помина без првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓоргиоски, а немаше никој и од неговите блиски соработници.
Игралиштето го отворија градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и директорот на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, Ристе Мишев.
Годинава и Велес и Гостивар добија терени со вештачка трева, а таму покрај градоначалниците на свеченото отварање беше и Илчо Ѓоргиоски.
Охрид не постои на фудбалската мапа во државава, а игнориранскиот однос на ФФМ веруваме дека не е некаква порака за фудбалот или кон најголемиот туристички центар во Македонија.
Мх.П.