Фудбалската федерација на Македонија го прогласи Драган Петровиќ за најдобар футсал играч за годината што изминува. Приматот Петровиќ го зеде од охриѓанецот Зоран Левески, кој минатата година ја освои четвртата награда за најдобар фудбалер во сала.

Наградата за најдобар фудбалер во Македонија замина во рацете на Николче Новески, кој настапува во тимот на Мајнц во Бундес лигата. За најдобар фудбалер од македонскиот шампионат е избран Дејан Блажевски од Хоризонт Турново, а најдобра фудбалерка е Наташа Андонова.

Признанието спортски работник му припадна на Игор Ангеловски од тимот на Работнички, а наградата најдобар тренер на Благоја Милевски од Вардар. Најдобар стрелец е Јован Костоски, а млад фудбалер Марјан Радески од Металург.

Првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Андон Дончевски доби награда за животно дело.

 

Мх.П.