Македонската фудбалска репрезентација можеби ќе остане без селекторот Бошко Ѓуровски за кој Фудбалската федерација на Македонија подготвува отказ.


Поразот од Белорусија 2-1 на Филип Втори, кој е четврти во петтиот натпревар во квалификациите за Европското првенство во Франција ја прели чашата на раководството од ФФМ.

Во понеделник Управниот одбор на ФФМ ќе одржи состанок по кој ќе се знае иднината на селекторот Ѓуровски! пренесува „Македонски спорт“.

Иако отказот се „крчка“ за Ѓуровски сепак, се уште не е поврзан некој стручњак за негов наследник.

Мх.П.