Согласно законските одредби за трансформација на клубовите во Акционерски друштва и одредбите од правилникот за лиценцирање на ФФМ во кој сите клубови за да се натпреваруваат во Прва МФЛ мора да бидат трансформирани во АД, Ве информираме дека одредени клубови сеуште немаат доставено доказ за трансформација во АД.

Со оглед на фактот дека законскиот рок за трансформација во АД е до 31.07.2012 година, Ве известуваме дека ждребањето се одложува до исполнување на законските одредби од страна на клубовите согласно законот за Спорт ( нетрансформиран клуб во Акционерско друштво не може да се натпреварува во системот за натпреварување во Прва МФЛ).

По доставување на комплетна документација од страна на клубовите, датумот и местото за ждребот за натпреварувачката сезона 2012/2013 и Купот на Р.М ќе бидат дополнително одредени.