Фудбалската федерација на Македонија денес ги пушти во продажба билетите за првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Малта од квалификациите за ЕП 2024 и пријателскиот меч против Фарски Острови.

На 23 март (четврток), македонската репрезентација ги отвора квалификациите за ЕП против Малта на Националаната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Четири дена подоцна, на 27 март (понеделник), во пријателски натпревар во Скопје ќе гостува селекцијата на Фарски Острови.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Малта и натпреварот Македонија – Фарски Острови се одвива исклучиво преку продажната мрежа на MkTickets. Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Поради нефункционалност на читачите за билети на Националната арена, за двата натпревари нема да има on-line продажба и електронски билети, објави ФФМ.

Цената на билетите за северна трибина: Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24 е 200 денари; за јужна трибина: Блок 1, 2, 5 и 6 е 200 денари, Блок 3 и 4 по цена од 300 денари.

OhridNews