Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги пушти во продажба билетите за дуелот на А селекцијата со Словенија, кој ќе се одигра на 10 октомври на Националната арена „Тодор Проески“.

Цената на влезниците изнесува од 50 до 200 денари. Билет од 50 денари ќе се продава за западната трибина, додека 150 и 200 денари ќе чинат влезниците на јужна и северна трибина од Националната арена „Тодор Проески“. Билетите можат да се купат онлајн на страната „мктикетс“.

Македонската фудбалска репрезентација со осум бодови се наоѓа на четвртата позиција на табелата, додека Словенија со три поени повеќе е второпласирана во групата.

OhridNews