Фудбалската федерација на Македонија ги прогалси најдобрите за 2009 година.
Ибраими најдобар во 2009
Кај дамите за најдобра во футсал е прогласена Наташа Андонова од КМФ Велес, а најдобар женски футсал клуб е Тиквешанка.
Кристијан Наумовски од ФК Работнички е прогласен за најдобар млад фудбалер а најдобра екипа од младинските категории е Македонија Ѓорче Петров.
Најдобар фудбалски судија е Александар Ставрев од Скопје, а најдобар македонски фудбалер во странство е Горан Попов од ФК Херенвен.
Најдобар странски фудбалер во Македонија е Мирослав Милошевиќ од ФК Хоризонт Турново.
Најдобар тренер е Влатко Костов, а ФК Ренова е најдобра екипа. Фудбалерот на Џепчиште, Бесарт Ибраими е прогласен за најдобар играч и стрелец за 2009 година.
Наградата за фер плеј екипа ја доби ФК Силекс. Најдобар фудбалски работник е спонзорот на ФК Ренова, Шефки Идризи.