Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на билетите за дуелот со Белгија на “Филип Втори“ во рамките од квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година. Тие ќе изнесуваат од 250 до 500 денари, а во продожба ќе се пуштат десет дена пред натпреварот.

Македонската фудбалска селекција мечот против Белгија го игра на 22 март во 20:45 часот. На “Филип Втори“ ќе продефилираат фудбалските ѕвезди од Премиер лигата, Винсент Компани, Еден Хазард и Мауране Фелаини.

Мх.П.