Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на билетите за пријателскиот дуел со Данска. Тие изнесуваат 150 и 200 денари и во продожба ќе бидат пуштени билети за јужната и северната трибина.
Источната и западната трибина е резервирана за навивачите кои ќе дојдат на “Филип Втори“ да ја бодрат Македонија против поранешниот европски првак Данска.
Натпреварот со Данска се игра на 6 февруари со почетокот од 19:30 часот, а ќе биде генералка пред квалификацискиот дуел со Белгија еден месец подоцна.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com