Трагичниот настан што се случи ноќеска во Кочанио во кој животот во пожар го загубија поголем број млади, чиј број се уште се утврдува, го потресе македонското општество. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одложи сите натпревари што требаше да се одигаар денеска и изрази жалење за големата трагедија која во црно зави многу семејства.

Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. Изразуваме најискрено сочувство и поддршка. Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции, соопшти ФФМ.

Г.М.