Членот на бундеслигашот Мајнц, Николче Новески е избран за најдобар фудбалер во Македонија за 2013 година. Приматот Новески го презеде од Агим Ибраими, кој беше прогласен минатата година.
Покрај изборот за најдобар фудбалер прогласени се и најдобар фудбалер во македонското првенство (Дејан Блажевски-Х. Турново), најдобар тренер (Благоја Милевски-Вардар), најдобар млад играч (Марјан Радески-Металург), спортски работник (Марјан Попоски-Работнички).
Првиот селектор на македонската фудбалска селекција Андон Дончевски ќе добие награда за животно дело.
Гала церомонијата на ФФМ и доделувањето на наградите за најдобрите ќе се одржи на 25 декември во Скопје.
Мх.П.