ФФМ ги исклучи Македонија ЃП и Слога Ј од Првата МФЛ
30.11.09 15:02
Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски ги регистрираше со службен резултат неодиграните средби во Ѓорче Петров и Тетово и ги донесе следните одлуки:
ФК “Македонија Ѓорче Петров” – Скопје се дисквалификува од натамошното натпреварување во првата лига на Република Македонија под раководство на ФФМ поради неоправдано неодигрување на 2 (два) натпревари (14 и 15 коло), а согласно член 56 став 5 од Правилникот за натпревари како и член 25 став 1 од Пропозициите за натпреварување во првата лига во натпреварувачката 2009/2010 година.
ФК “Македонија Ѓорче Петров” – Скопје се насочува за натпреварување во натпреварувачката 2010/2011 во најнизок степен на натпревари (општинска лига), а согласно член 56 став 5 од Правилникот за натпревари како и член 25 став 1 од Пропозициите за натпреварување во првата лига во натпреварувачката 2010/2011 година.
ФК “Слога Југомагнат” – Скопје се дисквалификува од натамошното натпреварување во првата лига на Република Македонија под раководство на ФФМ поради неоправдано неодигрување на 2 (два) натпревари (14 и 15 коло), а согласно член 56 став 5 од Правилникот за натпревари како и член 25 став 1 од Пропозициите за натпреварување во првата лига во натпреварувачката 2009/2010 година.
ФК “Слога Југомагнат” – Скопје се насочува за натпреварување во натпреварувачката 2010/2011 во најнизок степен на натпревари (општинска лига), а согласно член 56 став 5 од Правилникот за натпревари како и член 25 став 1 од Пропозициите за натпреварување во првата лига во натпреварувачката 2010/2011 година.
ГРК Охрид убедливо го совлада РК Куманово со 38:20 (полувреме 16:9) во натпреварот од 20 коло од Супер лигата, кој се одигра вечерва во „Билјанини Извори“ Најефикасен во редовите на „Гладијаторите“...
Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) во наредните четири години ќе ја води Александар Стефанов РФМ ги избра и членовите на новиот Управниот одбор каде ГРК Охрид ќе го претставува градоначални...
Клубот за подводни дејности Охрид 40 години е чувар на Охридското Езеро Низ годините и покрај сите предизвици и притисоци нуркачите реализирале бројни еколошки акции и притоа извадени се огромни ко...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.