ФФМ ги демантира написите во шкотските медиуми за наводно препродадени 1000 влезници за јужна трибина на шкотски навивачи, кои деновиве ги пренесоа и голем број други медиуми во странство и во земјава. Во написите се наведува дека ФФМ наводно понудила мито за препродавање на влезниците на шкотските навивачи со Македонија во Скопје за повисока цена од официјалната. Во демантот на ФФМ стои:

„ФФМ уште еднаш потсетува дека влезниците за јужната и западна трибина ќе се продаваат исклучиво со идентификација (лична карта)и тоа максимум по две карти на едно лице. За тендициозноста на ваквите написи со намера да и наштетат не само на ФФМ туку и на Република Македонија говори и фактот што влезниците сеуште не се пуштени во продажба, која е планирана да се случи на 30-ти Август (денеска).

ФФМ не само што ги демантира овие инсинуации туку ќе направи и истрага за случајот со тоа што ќе поднесе кривична пријава против наводниот препордавач, како и против шкотскиот медиум кој го објави ваквиот напис, а истовремено ќе ја извести британската амбасада за овој груб напад врз ФФМ како институција и Р.Македонија како држава“, се наведува во соопштенито на Фудбалската федерација на Македонија.

ohridnews