За македонскиот фудбал и активностите, кои се преземаат за унапредување на условите и квалитетот на фудбалската игра кои се одвиваат во националните натпреварување, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), за првата половина од натпреварувачката сезона 2020/21 целосно ги подмири трошоците за патувања на екипите од сите младински лиги во рамки на ФФМ, Првата и Втората футсал лига и лигата во женска конкуренција. Исто така, ФФМ продолжи да ги покрива целосните трошоци за официјалните лица на натпреварите во сите категории.
Во изминатиот период еден од главните приоритети на нашата федерација, согласно стратешкиот план беше вложувањето во фудбалската инфраструктура и целосна поддршка во секаква смисла за Националните репрезентации и академиите на ФФМ, – изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Реализацијата на низа проекти, започнувајќи од стадионите во Прилеп и Чаир кои се веќе завршени, преку „Билјанини Извори“ во Охрид и стадионот во Кавадарци кои се во завршна фаза, потоа тетовско Џепчиште и вештачкиот терен во Струмица и започнувањето со активности на стадионот во Штип ни дава за право да веруваме дека можеме да одиме чекор повеќе во создавањето квалитетна спортска инфраструктура, но исто така да бидеме од помош за лигите и развојот на младинскиот, футсал и женскиот фудбал, – додаде Сејдини.
ФФМ со свои средства и од извори на меѓународните фудбалски институции ги реализира своите проекти и секогаш ќе ги поддржува клубовите, кои ќе треба да работат со поголем мотив, со што ќе придонесуваат повеќе за развојот на нашиот фудбал.
OhridNews