Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ќе им подели парична награда на репрезентатвците на Македонија во висина од 40 000 евра, иако синоќа, во Букурешт претрпеа пораз од Романија (3-2), на стартот од квалификациите за Мундијалот во Катар.

Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини им ветил премија на репрезентативците од 80 000 евра за победа, и 40 000 евра за реми. Македонија во трилер натпревар изгуби 3-2, но врвот во македонскиот фудбал одлучил да ги награди Пандев и дружината за пожртвуваната игра и добриот перформанс.

Ваквиот потег на ФФМ е добар да се задржи хемијата и добрата атмосфера во репрезентацијата, во пресрет на дуелот со Лихтенштајн, кој ќе се одигра в недела во 20:45 часот.

OhridNews

Романија во трилер завршница ја победи Македонија (видео)