Фудбалската федерација на Македонија ја прими молбата на Брегалница за одложување на првенствениот натпревар со Напредок, кој требаше да се одигра викендов. Градскиот стадион во Штип е поплавен по обилните врнежи кои ја зафатија Македонија.

И градското дерби Ренова – Шкендија е одложено откако ФФМ ја пролонгираше одлуката за Шкендија. Поранешниот македонски првак има грешки во документацијата од тансферот во Акционерско друштво и иднината во Првата лига е доведено под знак прашалник. Конечната одлука за Шкендија ќе се донесе во вторник кога повторно ќе има средба на УО на ФФМ.

Натпревари од Првата и Втората македонска фудбалска лига ќе се одиграа во првичниот термин.

Мх.П.