На големо се зборува и пишува дека селекторот Бошко Ѓуровски ги брои последните денови на клупата од А репрезентацијата.
После поразот (2-1) од Белорусија трпението ја прели чашата, но за сега само кај јавноста, а не кај челните луѓе во Фудбалската федерација на Македонија кои се уште немаат јасен став околу селектороската позиција.
Во корист на селекторот е само договорот, кој ако ФФМ предвреме го раскине, треба да му го исплати целосно.
Ако челните луѓе во ФФМ одлучат сега да го раскинат договорот на македонскиот стручњак ќе му исплатат 56 000 евра.
Македонија по половина одиграни мечеви во евро-квалификациите ги загуби шансите за подобар пласман, па сега борбата е да се избегне последната позиција во групата.
Ohridnews