ФФМ планира целата западна трибина да биде со маски од рис, но за тоа ќе треба дозвола од Европската куќа на фудбалот (УЕФА). “Рисот“ е додаден на новите дресови на македонската фудбалска репрезентација и ќе преставува нов заштитен знак на “црвено жолтиот“ состав.
– Ние во Федерацијата имавме идеја со кореографијата со знамето, да се изработи и маскота што ќе ја анимира публиката и мислам дека на крајот ќе се направи добра приказна- вели претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Избраниците на селекторот Чедомир Јаневски се на крстопат, за одржување на амбициите за што повисок пласман на 22 март на “Филип Втори“ Белгија мора да падне. За тоа ФФМ им пружа целосна поддршка и со оваа идеја ќе ја крене целата атмосфера пред дуелот.