Македонската фудбалска репрезентација на почетокот на следниот месец ги продолжува квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година.Нашата најдобра репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе одигра два натпревари. Најпрвин се соочуваме со Ерменија ,а потоа ја пречекуваме Романија.
Како што информираат од ФФМ, капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ е ограничен согласно мерките утврдени за заштита од коронавирусот и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините. Цената на влезница изнесува 300 денари за натпревар. Натпреварот Македонија- Ерменија се игра на 2. септември со почеток во 20:45 часот , а натпреварот Македонија- Романија ќе се игра на 8ми септември со почеток во 20:45 минути.
На денешната седница на У.О. на ФФМ беше утврдена цената на влезниците и за натпреварот на македонската репрезентација до 21 година против Србија во Охрид на „Билијанини извори“ од квалификациите за ЕП 2023.
Билет за натпреварот во Охрид меѓу младите селекции на Македонија и Србија ќе чини 150 денари.
Капацитетот на стадионот, исто така е органичен согласно мерките утврдени за заштита од коронавирусот и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи.
Љубителите на женската фудбалска А репрезентација на Македонија ќе може да ја бодрат нашата селекција на квалификацискиот натпревар против Австрија на 21. септември на Националната арена „Тодор Проески“ со купен билет по цена од 100 денари.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на нашите репрезентации да дојдат до вредни бодови и да бидеме конкурентни во квалификациските групи, велат од ФФМ
Присуство на натпреварите е дозволено единствено со приложување на сертификат за примена вакцина најмалку една доза против Ковид-19 или сертификат за прележан Ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето. Оваа одлука не се однесува на лица под 18 годишна возраст.
OhridNews